Забрана за камиони на планинските премини Стража и Пресека

Од:

Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека.

Поради снежните врнежи  забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси има и на патните правци крак Маврово – Дебар, како и Дебар – Струга. За лесните моторни возила е задолжителна употреба на зимска опрема.

Како што соопшти АМСМ, на патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови возила.

На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар, не се препорачува движење на тешки товарни возила.

Забраната за движење на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка е сеуште во тек.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска