Американска порака за Европа – да се елиминира ГМО производството на храна

Од:

Со отворено писмо објавено во лондонски „Тајмс’’ и голем дигитален билборд поставен пред влезот на железничката станица Ватерло познати имиња од САД, меѓу кои и Сузан Сарандон, Дерил Хана и Роберт Кенеди јуниор ги повикаа Британците и другите европјани да се придружат во акцијата за забрана на производство на генетски модифицирани организми за исхрана. Во пораката се истакнува дека жителите на Велика британија треба да го кренат гласот против ГМ производството на храна додека не е касно.

Кампањата за забрана на ГМ во САД ја водат голем број невладини организации за заштита на здравјето и животната околина, а поддршка даваат и поголем дел од бизнис заедницата, организации на потрошувачи и повеќе медиуми. Над 57 милиони поддржувачи на анти ГМ кампањата во САД нагласуваат дека по две децении од масовната примена на ГМ во производството на храна се забележани поголем број на заболени од сите возрасти и помал општ  имунитет кај помладите. Освен тоа, биле неточни тврдењата на промоторите на ГМО технологијата дека со ваков начин на производствоќе се намали употребата на пестициди. Праксата од теренот покажува дека одгледувачите со ГМ технологија употребиле 24 посто повеќе пестициди од земјоделците кои останале на класичниот ачин на производство.

Пораката и предупредувањето од САД дојдоа токму пред донесувањето на дефинитивната одлука на земјите од Европската Унија за судбината на ГМ производството. Нов пропис, според кој ЕУ за сега ќе им препушти на државите членки сами да одлучуваат дали ќе го дозволат, ограничат или забранат ГМ производството ќе биде на дневен ред на Европслиот Парламент во следниот месец.

Процедурата во телата и комисиите за заедничка аграрна политика е завршена, а се очекува дека во јануари 2.015 година ќе биде донесено соломонско решение, секоја држава сама да одлучува за употребата на ГМ технологијата, а тоа ќе е и еден од ретките преседани ЕУ да се откаже од пропис кој е задолжителен за сите членки.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени