Објавена „Во заседите на Медуза“ од турската авторка Еликбанк

Од:

Детската книга „Во заседите на Медуза“, од младата писателка Ѓулшах Еликбанк, во превод од турски на македонски јазик, е објавена деновиве од „Бата прес“.

Тоа е современа и поучна приказна, во која четири деца – авантуристи трагајќи по мапата за изгубеното богатството, се наоѓаат себе си во познатиот подземен музеј во Истанбул.

Во овој историски богат Музеј, во антички резервоар за вода, што го изградил царот Јустинијан, тие се среќаваат со голем број митолошки ликови, скулптури кои оживуваат, свет полн со магија и фантазија.

Подземниот свет е исто така полн и со љубомора, омраза и бркотница, а четворицата млади истражувачи ќе успеат да донесат мир во овој подземен свет.

Ѓулшах Еликбанк е родена во 1980 година. Дипломирала на Универзитетот за комуникации во Истанбул, а постдипломските студии по психологија завршила на Универзитетот во Мармара. Сега работи и твори во Измир, а ова е нејзината прва, од трите книги за деца.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска