Традиционално берење бадникови гранчиња на Водно

Од:

Традиционално, на падините на Водно во месноста Говрлевска Краста каде што се наоѓа Бадникарската шума, членовите на Одборот за одбележување на Бадник и граѓани на Скопје денеска ќе берат бадникови гранчиња што ќе им бидат бесплатно разделени на нивните сограѓанина скопјани.

Првото бадниково гранче кое претставува симбол на среќата, сонцето и животот ќе го пресече новиот кум на Бадник Александар Џиковски заедно со здравичарот Благоја Анчевски-Дечко.

На средбата се очекува да присуствуваат стариот кум и здравичар Методија Стефановски-Тоде и Владо Плавевски, некокумина поранешни кумови и здравичари, градоначалникот на Скопје, претставници на  општината Сопиште, странски дипломати, свештени лица од МПЦ, претставници на естрадата, граѓани и добронамерници.

Собирно место за поканетите гости и за сите што точно не ја знаат локацијата на Краста, екрстосницата на патот за Драчаево и патот за Маркова Река и Батинци, пред мостот на Маркова Река. Оттаму групно се тргнува околу 11 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Централно одбележување на Бадник пред Соборниот храм, Јанковски и Тановски годинашни кум и здравичар

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик

Традиционално сечење бадникови гранчиња, на Бадник ќе им се делат бесплатно на граѓаните пред Соборниот храм

ВМРО-Народна ги повика скопјани да го бојкотираат палењето на бадникарски огнови

Православните христијани го слават Бадник

Катерина Ѓуровски

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ

Ана Ололовска