ДЗС: Снежните врнежи не предизвикаа застој во сообраќајот

Од:

Во повисоките региони од државата се забележани поголеми врнежи од снег, но во овој момент нема застој во сообраќајот ниту отсекување на поедини населби. Во регионот на Дебер, кон граничната караула Џепчиште на патот има снежна покривка од околу 10 см, а сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови, соопшти попладнево Дирекцијата за заштита и спасување.

Во предпладневните часови екипа на Македонија пат се обидела на споменатиот правец да интервенира но поради големиот нагиб на патот не успеала да пријде. Во текот на утрешниот ден се очекува Македонија пат да испрати екипа на посочениот правец и да го олесни сообраќајот, се вели во соопштението од ДЗС.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска