Промовирани нови 50 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската јнижевност“

Од:

Нови 50 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ беа промовирани денеска во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Сатанува збор за дела од претежно европското книжевно наследство од 19 и 20 век кои првпат се преведени или реобјавени.

На оваа деветта по ред промоција на дела од едицијата присуствуваше и премиерот Никола Груевски кој истакна дека овој проект беше замислен со цел да го доближи македонскиот читател до светската литература и да овозможи пристап до класиците на книжевното творештво.

– Реализацијата на овој серијал несомнено значи сеопфатно збогатување на литературата на македонски јазик во перспектива на проширување на видикот и изборот на македонските читатели. Со денешните 50 новопреведени книги го надминуваме бројот од 400 наслови промовирани во рамки на оваа едиција, поточно имаме 410 наслови. Се надевам дека делата опфатени во денешната промоција, како и оние кои беа претходно промовирани успеаја да го поттикнат интересот и да одговорат на очекувањата на македонската публика, рече Груевски.

Тој додаде дека преостануваат уште 150 вакви дела кои ќе бидат етапно во три наврати презентирани во 2015 година со што ќе се комплетира проектот „Ѕвезди на светската книжевност“.

Тој најави дека поради изразената заинтересиранот, наскоро ќе се извршат измени на Законот со цел да може да се купи низ книжарите оваа едиција во полуксузна варијанта како комплет. За таа цел ќе има оглас од страна на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ на којшто секој што сака да ги набави овие книги ќе може со претходна претплата да ги добие сите 560 дела. Поединчено книгите од едицијата може да се купат на слободниот пазар.

Се размислува, рече премиерот Груевски, и за нови проекти како светското книжевно богатство, најпознатите биографии, автобиографии и монографии,  и проект со литература за здрав живот, здрави навики и спорт.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека станува збор за 50 нови томови, односно 3.000 зборови кои ќе ја збогатат нашата лексикографија, ќе ги афирмираат потенцијалите на нашиот животворен македонски јазик кој несомнено може да одговори на предизвиците и на најсуптилните размисли на големите автори кои ја одбележаа светската книжевна историја.

– Со проектот „Ѕвезди на светската книжевност“ ние извојувавме навистина голема победа. Беспрекорно преведени и издадени 410 ремек-дела од светската книжевност на македонски јазик, рече Канческа-Милевска.

Академик Митко Маџунков, претседател на стручната редакција на едицијата, истакна дека со денешната промоција на 50 нови книги од „Ѕвездите на светската книжевност“ е достигнат првобитно планираниот обем од 410 томови со што таа станува еден од ретките проекти чија реализација е завршена во предвидениот рок ако не се сметаат дополнително придодадените 150 книги кои ќе се завршат во текот на наредната година.

Тој меѓу другото ја поддржа и активната грижа на државата за издаваштвото.

– Дали државата треба да се грижи за издаваштвото, за лектирите, за врвното творештво? Тоа е исто како да прашаме дали државата треба да се грижи за својата сопствена иднина. Одговорот е да, државата треба да се грижи и за јазикот, и за издаваштвото, и за лектирите и за врвното творештво се додека тие не се во состојба да се грижат сами за себе, рече Маџунков.

Тој подвлекувајќи ја важноста на оваа мисија на Владата за создавање на оваа голема библиотека препорача да се изработи и една антологија на светската книжевност за деца и младинци, сочинета од дела кои би биле и најдобро јазично упатство за најмладите генерации.

Меѓу 50-те дела кои денеска беа промовирани се и Автобиографијата на Гете, „Сеќавања“ од Конрад Аденауер, двотомните белешки на Черчил за Втората светска војна, „Есеите“ на еден од највлијателните филозофи на француската ренесанса Мишел де Монтењ кој прв пат се преведува. „Смртта на Артур“ од Сер Томас Малори е исто така дело кое е дел од едицијата, како и дела на седум нобеловци.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска