Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска ги смени од функцијата премиерот, Гувернерот на Централната банка и неколку министри.
Прес-службата на белорускиот претседател соопшти дека Лукашенко за нов премиер го именува досегашниот шеф на администрацијата на претседаетлот Андреј Кобјаков.
Владимир Семашенко и Наталија Качанова се нови вицепремиери. Павел Калаур е нов Гувернер на Централната банка на Белорусија, јави ТАСС.
Досегашен премиер на Белорусија беше Михаил Мјасникович.
Лукашенко вчера на советување за актуелните прашања за економски развој на земјата, најави дека до Нова година ќе донесе низа важни кадровски одлуки.