Шпанската полиција заплени четири тони хашиш

Од:

Шпанската полиција соопшти дека во два мали брода, кои во Шпанија пристигнале од северна Африка, открила четири тони хашиш.

Во полциската акција се уапсени четворицата членови на екипажите на двата брода, кои се државјани на земјите од арапскиот Магреб.

Првиот брод бил откриен неколку часа по полноќ на 22. декември, кога бил регистриран од камерите за ноќно снимање инсталирани на брегот на шпанскиот регион Андалузија во близина на Кадис, кои се поставени за пресретнување на бродови со илегални имигранти и наркотици.

Вториот брод е пресретнат на 17 километри појужно во текот на вечерните часови иститот ден.

Според податоците на шпанската полиција, во текот на 2013 година во земјата биле запленети 319 тони хашиш, што е за 2,4 отсто помалку во споредба со претходната година.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата