Ердоган: Европа не може да ја кара Турција

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска упати критика на сметка на европските земји поради нивните обвинувања за влошување на состојбата со слободата на медиумите во Турција, нагласувајќи дека за ЕУ би било подобро да побара решение за „растечкиот расизам и исламофобија во Европа“.

– Ние не сме жртвено јагне на Европа. Ние во никој случај не сме држава кон која ЕУ може да го насочи прстот и да ја кара, порача Ердоган на еден собир на турските државни службеници.

Реакцијата на Ердоган следи по критиките од ЕУ на сметка на Анкара порди упадите на полицијата во неколку опозициски медиуми и апсењето на новинари критички настроени кон политиката на турскиот претседател.

Од доаѓањето на власт на неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во 2002 година, Ердоган спроведе многу демократски реформи и го намали влијанието на армијата во турскиот политички живот, поради што Турција беше посочувана како пример за успешна муслиманска демократска држава. Но, во последните години Ердоган се почесто се наоѓа на удар на западните критики поради нетолерантиот однос кон неговите неистомисленици.

Ердоган сега од позиција на претседател на Турција се залага за промена на Уставот и за зајакнување на моќта на шефот на државата, што критичарите го оценуваат како обид за зацврстување на неговото авторитарно владеење.

Во обраќањето на собирот на државните службници Ердоган повтори дека нема да се откаже од својата идеја за промена на Уставот, додавајќи дека клучно значење за тој процес ќе имаат парламентарните избори планирани за јуни идната година.

– Заедно со нашиот народ и институциите на граѓанското општество на изборите на 7 јуни ќе оствариме резулати кои ќе го отворат патот кон побрза изработка на новиот устав, нагласи Ердоган.

Доколку на јунските избори АКП обебзеди двотретинско мнозинство во Парламентот, тогаш таа ќе може да го смени Уставот и без поддршка на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ