На Вучиќ повеќе пати му се заканувале со смрт

Од:

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ изјави дека премиерот Александар Вучиќ оваа година во повеќе наврати добил смртоносни закани.

-Имаше обиди не само да се загрози неговиот живот, туку и преку кампањи сакаа да изнесуваат лаги за премиерот, а тој да не смее ниту да се брани -рече Стефановиќ и додаде дека како пријател секогаш го советува да води сметка за својата безбедност, бидејќи знае дека премиерот не сака обезбедување.

Тој истакна дека за безбедноста на Вучиќ е задолжена војската на Србија, но дека тоа не значи дека и Министерството за внатрешни работи не е загрижено за него.

Што се однесува до обидот за убиство на бизнисменот Милан Бека, Стефановиќ нагласи дека има напредок и изрази надеж дека наскоро ќе добие информации дали истрагата се приведува кон крај.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда