ФОТО: Доделени наградите од манифестација „Новогодишни бои на Скопје“

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска ги врачи признанијата на годинашните добитници од манифестација „Новогодишни бои на Скопје 2014“.

Kuka (1)

За најубаво украсена семејна куќа, од дванаесет пријавени, е избрана куќата на Богољуб Симовски во населбата Ѓорче Петров. Комисијата составена од претставници на медиумите за најубаво украсена тераса, од пријавени шест, ја прогласи терасата на семејството Игњатовски на улица „Жданец“, број 16 А, во населба Жданец.

Kuka (3) Kuka (2)

Од пријавените четири угостителски објекти, за најубаво украсен е кафулето „Дежа ву “ во Аеродром. За најубаво украсен двор на средно училиште, во конкуренција од пет пријавени, комисијата го избра дворот на СУГС „Владо Тасевски “.

Kafic (1) Kafic (3) Kafic (2)

– Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници, Градот Скопје и годинава, традиционално, ја организира познатата манифестација „Новогодишните бои на Скопје“ – манифестација со која ги поттикнуваме нашите сограѓани да ги украсат своите домови и работни простории со новогодишни декорации, да придонесат за разубавување на градот и да го дополнат празничниот амбиент, истакна Трајановски.

SUGS (2) SUGS (3)

На првите три наградени Трајановски им додели по 10.000 денари, а ЕВН Македонија еднократно ќе ги ослободи од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за декември 2014 година.

Terasa (1)

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски