Во Турција уапсен средношколец заради навреда на Ердоган

Од:

Турската полиција уапси 16-годишно момче бидејќи го навредил претседателот Реџеп Таип Ердоган, чиј режим го обвинил за корупција.

Средношколецот бил уапсен во градот Коња бидејќи зборувал на собир организиран во знак на сеќавање на млад наставник кого исламистите го убиле во далечната 1930 година.

Градот Коња важи за силно упориште на Партијата на правдата и развојот на Ердоган.

Весникот „Хуриет“ пренесува дека уапсеното момче е член на една левичарска организација.

Доколку биде прогласен за виневен турскиот тинејџер се соочува со казна до четири години затвор, потсетуваат француските медиуми.

Турската Влада, со Ердоган на нејзино чело, во  2013 година се соочи со бран масовни протести на незадоволните граѓани.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ