Во Велес промовирана стихозбирка „Ајде да се сакаме“

Од:

Во организација на градската библиотека „Гоце Делчев“ и клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ синоќа во Велес беше промовирана стихозбирката „Ајде да се сакаме“ на поетесата Славјанка Љуткова на која оваа и е деветта збирка поезија.

Во стихозбирката се содржани 56 песни кои поетесата ги посветува на децата кои завлегуваат во тинејџерските години и кои се збогуваат со нивното детство, а кои ги понесуваат немирните љубовни води, појасни промоторот професорката во пензија Нада Алексоска.

– Во стихозбирката „Ајде да се сакаме“ се среќаваат личности кои сериозно не ја сфаќаат љубовта, кои се променливи, кои повеќе внимание му посветуваат на другарството. Тоа се личности кои своите чувства љубоморно ги кријат. Во стохозбирката е искажано доста, запишано е се’ она сошто се преполни детските души од тие години“ потенцира Алексоска.

Велешката поетеса 52 годишната Славјанка Љуткова, својата прва стихозбитка „Немир“ ја објави во 2006 години, а потоа се нижат стихозбирките: „Искината душа низ книгата на судбината“, „Виножито на љубовта“, „Копнеж“, „Ткаеното шарено торбиче“, „Во вителот на љубовта“, „Симона“ и „Откорнати души“.

Добитник е на повеќе награди и признанија, а своите песни ги објавува во многу списанија. Во изминатите неколку години редовно учествува на поетската манифестација „Рацинови средби“ во нејзиниот роден Велес.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска