Илјадници христијани присуствуваа на прославата на Бадниковата вечер во Витлеем

Од:

Неколку илјади христијански верници дојдоа во библискиот град Витлеем, кој според преданијата е родниот град на Исус Христос, за да присуствуваат на прославата на Бадниковата вечер.

На централниот плоштад во градот беше поставена голема елка, а цел простор беше украсен со бели и жолти светла.

И мала група христијани од Газа стигна во Витлеем, бидејќи претходно добиja дозвола да мине преку територијата на Израел, на пат кон Западниот брег. Тие беа дочекани со аплаузи и извици на одобрување.

Латинскиот патријарх Фуад Твал, главниот римокатолички поглавар на Светата земја, ја предводеше процесијата од своето ерусалимско седиште во Витлеем, минувајќи низ израелскиот бетонски ѕид на раздвојување, што го опкружува поголемиот дел од градот.

Оваа бариера Израел ја изгради пред 10 години за да го запре бранот самоубиствени напади.

Палестинците на оваа структура гледаат како на нешто што ја задушува економијата на Витлеем, наведуваат американските медиуми

Твал изјави дека се надева дека 2015 година ќе биде подобра од претходната „тешка“ година.

– Се надевам дека следната година нема да го има ѕидот на раздвојување, и се надевам дека место него ќе има мостови на мирот, рече Твал, кој ја служеше и полноќната миса во Црквата на Христовото раѓање.

Палестинскиот претседател, Махмуд Абас, се приклучи на синоќешната прослава и повика на прекин на „екстремизмот и теророт“.

Абас и натаму се бори за власт со екстремистичката група Хамас, која ја задржа контролата врз Појасот Газа дури и откако претходно годинава двете фракции договорија формирање единствена влада.

Полицијата и локални претставници наведоа дека оваа година само 4.500 странски туристи дошле во Витлеем да го дочекаат Божик, што е половина помалку отколку минатата година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан