Почнува проектот „Волшебна нова година“

Од:

Во организација на Универзална сала, а под покровителство на Град Скопје од денеска во паркот „Жена борец“ почнува проектот „Волшебна нова година 2015“.

Волшебниот парк ќе го сочинуваат новогодишен маркет, детска волшебна шума, распеана елка, дедомразовска трка и централниот дочек на Новата 2015 година.

Активностите ќе почнат со креативна работилница – цртање лампиони, а во културно-забавната програма ќе учествуваат Театарот за деца и младинци и повеќе ди-џеи. Распеаната елка е конструирана и украсена за настап на хоровите Злата Мегленска, Златно Славејче, Поточиња, Про Арт, Серенада и хорот при МКЦ.

Дел од новогодишниот маркет се 11 дрвени куќички наменети за промоција и продажба.

Прв пат годинава на 28 декември ќе биде организирана Дедомразовска трка, чиј старт ќе биде на плоштадот „Филип втори“, а целта е паркот „Жена-борец“. Првите 500 пријавени за трката ќе добијат подарок дедомразовски костум.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски