Турските функционери во 2015. ќе добијат телефони заштитени од прислушување

Од:

Членовите на Владата и претставниците на военото раководство ќе бидат снабдени до крајот на 2015 година со нови телефони, заштитени од прислушување, изјави турскиот министер за наука, индустрија и технологија Фикри Јашек.

Тој посочи дека „паралелната структура“, термин кој турските власти го користат за означување на движењето на исламскот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и кого го обвинуваат за заговор против Владата, длабоко се вкоренила во стратешки оддели на Турскиот совет за научно-технички истражувања.

– Паралелната структура се инфилтрирала на стратешки позиции, меѓу кои и во одделот за шифрирање, рече Јашек.

Според него претставници на паралелната структура извршувале прислушувања во воената сфера.

Тој смета дека Владата оправдано го означила движењето на Ѓулен како криминална организација, која има за цел да ја отстрани од власт владејачката Партија на правдата и развојот.

Јашек истакна дека се преземени сите технички мерки за заштита против прислушување и оти новите безбедни телефони ќе бидат доделени следната година.

Тој додаде дека листата на лица кои ќе добијат такви телефони ја иработил Советот за национална безбедност.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ