Пренос во живо од полагањето на државниот испит

Од:

Во петок е третиот протест на студентите, професорите и граѓаните против воведување на државен испит, а веќе во понеделник пратениците од власта ќе го гласаат законот.

Еве што меѓу другото предвидува Владата:

Полагањето на испитот се снима и во живо се емитува на веб страницата на министерството надлежно за високото образование, а ако поради технички причини снимањето се прекине, сминката од целиот испит се поставува на веб страницата на министерството надлежно за високото образование.

Пред почетокот на полагањето на државниот испит, претставникот од Одборот го утврдува идентитетот на студентот со увид на лична карта или патна исправа.

На студентот за време на полагањето државниот испит не му се дозволува користење учебни помагала, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично.

На студентот за време на полагањето на државниот испит не му се дозволува да контактира со други студенти или лица освен со информатичарот во случај доколку има технички проблем со компјутерот.

Првите две полагања на државниот испит за студенти се бесплатни.

Доколку студентот не успее да го положи државниот испит двапати по ред, наредните пријавувања за полагање се на товар на студентот, и тоа за трет пат 1.000,00 денари, за четврт пат 6.000,00 денари и за секое наредно пријавување 12.000,00 денари.

Државниот испит за студенти содржи пет прашања.. Прашањата се со различна тежина со четири понудени решенија, од кои едното решение е точен одговор на понуденото прашање.

Прашањата содржани во тестовите за полагање на државнот испит и нивните одговори, се чуваат во единствениот електронски систем за полагање на приемниот испит.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки