Годинава во Турција беше одбележана со консолидација на власта на исламистите и одалечување од соседите и сојузниците

Од:

БТА – Софија

Локални избори, претседателски избори, корупциски скандал и незаконски прислушувања, чистки, нови закони, засилени исламистички тенденции, војна до границата и наплив од бегалци, затегнатости со дел од соседите и сојузниците. Тоа се некои од главните случувања во 2014-та која заминува во Турција.

Годината започна исклучително затегнато заради разединувањата од крајот на 2013, со корупцискиот скандал од кој беше засегнато блиското опкружување на лидерот Реџеп Таип Ердоган кој тогаш беше премиер. Властите ги припишаа случувањата како обид за „судски преврат“ на „паралелна структура“ во државата, зад која стојат следбениците на базираниот во Пенсилванија, САД, исламски проповедник Фетулах Ѓулен. На основа за корупција беа уапсени редица бизнисмени блиски до турската влада, меѓу кои и синовите на тројца министри, по што во последните денови од 2013 година Ердоган го смени составот на половина владин кабинет. Глобалната исламска мрежа Хизмет (служба) на Ѓулен, бившиот сојузник на Ердоган, беше обвинета за заговор за рушење на владата по прислушувањето на илјадници телефонски разговори и со користење на докази за раширените тврдења за корупција.

Заради политичко-финансискиот скандал на почетокот на годината, имаше антивладини протести, а туската лира достигна рекордно ниско ниво во однос на доларот и еврото.

Како одговор на дејствијата на ѓуленистите, владата направи масовни чистки при што беа суспендирани или преназначени илјадници полицајци, обвинители и судии, кои беа обвинети за членство во Хизмет.

Во меѓувреме се појавија тврдења дека главната опозициска Народнорепубликанска партија постепено се соединила со движењето на Ѓулен. Лидерот на кемалистичката формација Кемал Калчадароглу пак потенцираше за Волстрит џурнал, дека дефиницијата „паралелна држава“ е поправилно да се однесува на „претставниците на владата, кои се замешани во корупција“. Критикувајќи ги происламистичките власти, тој уште изјави и дека „религијата не смее никогаш да биде користена како инструмент за собирање на поени во политиката“ и дека „тоа не води до смирување во општеството“.

Се сметаше дека обвиненијата за корупција оставиле „голема дупка во браникот“ на Партијата на правдата и развојот (ППР), но независно од гневот заради грандиозниот сканадал, на локалните избори на 30 март владеечката происламистичка формација доби 46 отсто од гласовите. По повод триумфот, Ердоган изјави дека „на изборите загубила неморалната политика, политиката на кодошења, клевети и монтажи“. Паралелната структура и нејзините сојузници – опозициските Народнорепубликанска партија и Партијата на националистикото делување (ПНД) „претрпеа пораз“, пишуваа провладините изданија.

На 10 август, во земјата се одржаа првите општи претседателски избори, на која дојде до убедлива победа на кандииатот на ППР – Ердоган. Тој имаше двајца соперници, едниот од нив заеднички канидиат на главните опозициски партии. Ердоган беше избран за шеф на државата со „мазни“ 52 проценти.

Во текот на годината, парламентот донесе редица нови закони со што се зацврсти контролата на владата врз државниот апарат, како и закони кои ја ограничуваат слободата за изразување или со кои се засилуваат исламистичките тендеции.

Меџлисот донесе спорен закон за промена во функционирањето на Вишиот совет на судиите и обвинителите, како и закон со кој се зголемуваат овластувањата на разузнавачката служба. Донесен беше и контроверзен закон за интернет, со кои им се дава на регулаторните органи овластување да ги блокираат сајтовите на интенрет на основа на приватноста. За кратко беше блокиран достапот со социјалната мрежа твитер и до сајтот за видео материјали јутјуб, по истекување на тајни информаци за владата.

Во 2014, драстично се зголеми бројот на религиозните училишта „имам хатип“ и во нив беа запишани еден милион ученици. Во септември владата објави дека ја укинува збраната на носење на исламски шамии во гимназиите.

Во декември се отвори дебата по прашањето за евентуално вклучување на часови по османлиски јазик во школските програми во гимназиите, а претседателот Ердоган најави дека таквите часови ќе бидат „воведени независно дали некои го сакаат или не го сакаат тоа“. На националниот конгрес за образование беше донесено и решение во основите училишта да бидат воведени задолжителни часови по религија.

На основа на се посилната исламизација и конослидацијата на власта на происламистичките власти, и на внатрешено политички аспект Турција продолжи да ги подржува исламистите во некои земји од регионот, меѓу кои и Либија и Египет. Истовремено се забележа тенденцијата на влошување на односите со нејзините соседи и сојузници.

Анкара продолжи да се спротивставува на режимот на сиријскиот претседател Башар ал Асад и да тврди дека тој режим не е помалку опасен од организацијата Исламска држава (ИД). Сојузниците на Турција пак ја обвинуваат дека долго време ги подржуаа најрадикалните организации, вклучувајќи ги и ИД, за да го забрза паѓањето на режимот во Дамаск. Анкара беше обвинувана дека ги затварала очите за преминувањата на џихадисти во Сирија преку нејзината граница.

Еден од основачите на владеачката Партија на правдата и развојот, Денгир Мир Мехмет Фират, си даде оставка од позицијата, па дури и преку турскиот весник Тараф изјави дека владата ги вооружувала екстремистичките организации во Сирија, меѓу кои и Исламска држава, со цел да ги споречи обидите на курдите да создадат своја автономија во сиријскиот курдски регион Рожава.

Во јуни за турската држава се појави сериозна заложника криза, откако 80 турски граѓани, од кои 49 од турскиот конузлат во Мосул и 31 турски шофери, беа грабнати од џихадистите на ИД. На почетокот беа ослободени шоферите, а по три месеци преговори беа пуштени на слобода сите останати заложници. Се појавија информации дека Анкара ослободила 180 џихадисти на Исламска држава, во замена за ослободувањето на заложниците од конзулатот.

Истовремено Турција ја подигна готовноста заради огромниот наплив од сиријски бегалци во земјата. Уште од почетокот на конфликтот во Сирија, Анкара објави политика на отворени врати за сиријските бегалци, но оваа година нивната бројка ја надмина застрашувачката 1,6 милиони. Во моментов во земјата има и многу бегалци кои избегале од насилствата во Ирак.

Заради кризата во сиријскиот курдски град Кобане, на ризик беше изложен процесот за итно решавање на курдскиот конфликт во Турција, кој се води од крајот на 2012 година. Курдите во земјата почнаа со протести против владата во Анкара заради одбивање да даде помош за опседнатиот од џихадистите град Кобане. Близу 40 луѓе загинаа во безредијата во неколку турски градови.

Кризата во Сирија и Ирак заради дејствијата на ИД ги заостри односите на Турција со нејзиниот сојузник во Нато, САД. На почетокот Турција одбиваше да учествува во антиџихадистичката коалиција, но потоа објави дека е подготвена да се приклучи кон коалицијата. Меџлисот донесе резолуција со која се дозволува армијата да води операции против џихадистите од Исламска држава во Сирија и Ирак, и за отварање на турската територија за потребите на меѓународната коалиција против ИД.

Иран од своја страна ја обвини Турција дека го продолжува трогодишниот конфликт во Сирија со своето настојување претседателот Асад да биде сменет со подршка на „терористички групации“ во Сирија.

Оваа година дополнително се заострија односите помеѓу Турција и Ирак, откако ирачки Курдистан почна да и продава нафта на Туција без дозвола на централните власти. Инаку во декември, ирачката влада и автономниот курдски регион постигнаа согласност по спорното прашање за цената на нафтата.

До ќорсокак стигнаа контактите на Турција со Кипар, откако во октомври кипарскиот претседател Никос Анастадијадис реши да ги замрзне преговорите за обединување на островот како одговор на одлуката на Анкара да истражува извори на нафта и природен гас во водите во кои кипарската влада веќе претходно им издала дозволи за истражување на некои компании. За време на посетата на турскиот премиер Ахмет Давитоглу во Грција на почетокот на месецот, премиерите на двете држави сепак ветија дека заедно ќе работат за надминување на недоразбирањата меѓу нив, вклучувајќи ги и тие за кипарското прашање.

Заради одалечувањето на Анкара од редица сојузници и соседи, овој месец се оформи еден невобичаен нов сојуз. Тоа се случи за време на посетата на Турција на рускиот претседател Владимир Путин, кога беше објавено дека проектот Јужен поток е сопрен. Наместо тоа, руската компанија Гаспром и турската Боташ потпишаа меморандум за разбирање за градење на нов гасовод кон Турција преку Црното море.

По повод посетата, весникот Тудејс заман напиша дека на средбата, Путин и Ердоган воглавно се фокусирале на економијата и ги занемариле политичките разлики – најмногу дијаметрално спротивните позиции по надворешнополитичките прашања, како што се Сирија и Украина.

Одалечувањето на Турција и Русија од западот по различни причини, ги зближи во заедничко пријателство кое е фокусирано на зацврстување на економските врски, напиша Тудејс заман.

Неколку дена по посетата на Путин на Анкара, пристигнаа и високи претставници на ЕУ, меѓу кои и еврокомесарот за односи со соседните држави и за преговорите за проширување, Јоханес Хан, кој изјави дека преговарачкиот процес со Турција за членство во ЕУ треба да биде забрзан.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ