Бунтовници во индиската држава Асам убија повеќе од 50 луѓе

Од:

Сепаратистички бунтовници убија најмалку 52 лица во две оддалечени села во сојузната индиска држава Асам, соопшти локалната полиција.

Во соопштението се вели дека голем број од жртвите се жени и деца, а се стравува оти бројот на жртвите може да биде многу поголем. Во нападите повеќе од 80 лица се полесно и потешко повредени.

За нападите, полицијата на Асам ги обвини припадниците на сепаратистичкиот Национален демократски фронт на Бодоленд (НДФБ).

Овој Фронт бара независност и посебна држава за припадниците на етничката група Бодо, што би постоела надвор од сојузната држава Асам.

Нападите се извршени доцна синоќа, кога мнозинството од жителите биле по своите домови. Жртвите во најголем дел се работници на плантажите за чај во оваа сојузна држава и сите се припадници на други етнички или верски заедници.

Преживеаните и објасниле на полицијата дека напаѓачите дошле пешки во селата и почнале насила да влегуваат во куќите на луѓето,отворајќи оган без предупредување. Сведоци тврдат дека некои од жртвите биле извлекувани на селските улици и таму биле ликвидирани.

Ова не е прв напад на бунтовниците од етничката заедница Бодо.Во изминатите години,во реонот што бунтвниците го сметаат за своја татковина, сместен меѓу Бангладеш на југот и Бутан на северот, имало такви напади врз припадници на други племиња или на муслимани.

Приадниците на Бодо заедницата имаат свој автономен совет, но бунтовниците бараат посебна држава.

Територијата на Асам многу често во минатото се соочува со меѓуетнички судири и со сепаратистички мотивирано насилство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати