А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Затвор за одговорните на факултетите кои нема да го почитуваат Законот за високо образование

by А1он24/12/2014 - 09:5824/12/2014 - 10:03186
Share0

За спорните одредби во новиот Закон за високо образование, власта, без опозиција, ќе гласа во понеделник, во очи Нова година.

Следете a1on на Instagram Instagram

Законот, без дебата, како во сите демократии, ќе се „истурка“ на мускули. Не се зема предвид несогласувањето ниту на студентите ниту на професорите. А во него, доколку не се почитува некоја одредба, предвидени се драконски казни.

zakonZADrzaven1

Глоба во износ од 10.000 до 30.000 евра во денарска противвредност и мерка забрана за вршење на високообразовна дејност ќе и се изрече на високообразовната установа која ќе издаде диплома за завршено високо образование на студент кој не положил државен испит или доколку на студентот му дозволи полагање на испити од трета година без претходно да го има положено државниот испит кој се полага по завршувањето на втората студиска година.

Следете a1on на Youtube YouTube

zakonZADrzaven

Одговорното лице на високобразовната установа, кое ќе постапи спротивно на овој закон, односно ќе издаде дилома за завршено високо образование на студент кој не положил државен испит или доколку на студентот му дозволи полагање на испити од трета година без претходно да го има положено државниот испит кој се полага по завршувањето на втората студиска година, ќе се казни со затвор од 1 до 3 години.

zakonZADrzaven2

Казни се превидени и за студентите и за професорите, кои нема да ги почитуваат одредбите.

Т.Ц.

studenti

Би можело да ве интересира

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

Горан Наумовски23/07/2026 - 15:10

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Горан Наумовски19/07/2026 - 16:44

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Предраг Петровиќ23/05/2026 - 19:14

Студентитите протестираа: УЈП вели мора да се пријави доход од странство, не се работи за нов данок

Катерина Ѓуровски15/04/2026 - 14:2115/04/2026 - 14:23

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски27/02/2026 - 20:2527/02/2026 - 20:30

Отстранет e „Чациленд“, на негово место ќе има „Божиќно село“

Горан Наумовски29/12/2025 - 10:0329/12/2025 - 10:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео