Град Скопје ги прогласи најдобрите спортисти за 2014.

Од:

Градот Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Град Скопје традиционално и оваа година ги избра најдобрите спортисти, тренери и екипи за 2014 година.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и советниците во Советот на Град Скопје, членови на Комисијата за спорт и млади, денеска им ги доделија признанијата на добитниците.

– Од срце ви честитам за трудот и за залагањето во постигнувањето на вашите резултати за почит, достигнувањата кои го афирмираат нашиот град, но и Република Македонија. Чувствувам гордост, што како Градоначалник на Град Скопје имам чест да Ве поздравам и да Ви честитам на вас спортистите, тренерите, спортските работници и на екипите што постигнавте извонредни резултати на најсилните европски и светски натпревари, претставувајќи го достоинствено Градот Скопје и Република Македонија, како најефикасните можни амбасадори. Сакам да потенцирам, дека од Градот Скопје секогаш ќе ја имате поддршката – финансиска, логистичка, морална, со цел и натаму да се радуваме и да ги славиме успесите, истакна градоначалникот Трајановски.

За најдобри спортисти за  2014 година беа прогласени:

1. Антонио Ристевски, скијање, СК „Работнички”, 29 место во слалом
на Олимписките игри во Сочи Русија, настапи на 360 меѓународни натпревари од кои на 7 светски првенства и 2 олимпијади.
2. Игор Стефановски, Автомобилизам, АК„ Про Спорт”, шампион на
Македонија 10 години во ридско брзински трки, 1 место / шампион на Европа / во ридско брзински трки, од 12 трки победи во 8 трки.
3 / 4. Томи Стефановски, маратонско пливање, 2 место на светска ранг листа, учество на 7 светски маратони за ранг листа.
3 / 4. Евгениј Попацев, маратонско пливање, 2 место на светска ранг листа, учесник на 5 меѓународни маратони за ранг листа.

На првите три места во категоријата Млади спортисти се:

1. Мери Јанева,  за освоено 3 место на Светско првенство во куглање во двојки и  државен првак на Македонија во поединечна конкуренција и
1. Александар Соколовски за освоено 3 место на Светско првенство во куглање во двојки, државен првак на Македонија во поединечна конкуренција.
2. Бојан Јанкуловски, Тенис, ТК „Југ” Скопје, државен првак, 1/4 финале во Европа серија / АТП/, од 1218 тенисери до 16 г. рангиран на 2 место, од 39 натпревари во сингл 35 победи, од 16 натпревари во двојки 9 победи, настапи со репрезентацијата во Дејвис Куп.
3. Филип Талевски, Ракомет, РК „Металург” Скопје, настапи во ЛШ, член на јуниорската и сениорската репрезентација на Македонија.

За најдобри тренери прогласени се:

1. Иван Лесевски, Скијање, СК „Работнички” Скопје, учесник на 4 Олимпијади, 29 место – Слалом на Олимписките игри во Сочи Русија.
2. Индира Кастратовиќ ЖРК „Вардар” 3 место во Европа во Лигата на Шампиони, државен првак и куп победник на РМ.

За најдобра екипа е избрана екипата на ЖРК “Вардар” Скопје,  државен првак и куп победник на РМ и освоено 3 место во Европа во лигата на шампиони,  и  пласман во Топ 8 за 2015.

За најдобар спортист од странство е прогласен Тимур Дибиров, ракометар на  РК „Вардар“ Скопје, настапи во европската  лига на шампиони во Топ 8, првак со РК „Вардар“ во СЕХА Лига.

За најдобар спортист со телесен инвалидитет е прогласен Ристо Фотевски, успешен спортист во повеќе дисциплини: шах, пинг-понг, трки со инвалидски колички на 100, 200 и 400 метри и фрлање на чуњеви.

За особено постигнување – Подвиг на годината награда доби Здравко Дејановиќ, Високо горско / алпинистичко остварување, член на ПК “Бистра” Скопје, во К 2 го освои најтешкиот врв во светот  8611 метри,  само Монт Еверест  со 8848 метри и уште 3 други највисоки врвови остана како предизвик.

Признанија за посебни достигнувања во спортот им беа доделени на:

1.„Јуниор” Скопје, Школа за мини баскет, 20 години постоење со успешна работа и масовност во кошаркашкарскиот спорт.
2.„Цветан Димов” Скопје, Карате клуб, 40 години постоење со активна и успешна    работа на клубот.
3.Назми Али, Тренер по борење во Боречки клуб “Тефејуз” Скопје, успешна работа со младински категори, 30 години активност. Борачите под негово водство биле носители на медали од евроспки и светки пртвества.
4.Јовица Јованчев, Ултра маратон / Планинско трчање, успех на најтешката ултра маратонска трка околу Монд Блан низ 3 држави; Франција, Италија и Швајцарија во должина од 168 км / неофоцијално Светско првество / и учество и на 3 светски трки со должина од 100 км.
5.Александар Чекоров и Александар Смилков, ГИНИСОВ РЕКОРД во туркање на автомобил, на 14.12.2014 год. за 24 часа истуркаа 95 км, претходниот рекорд го држеа американците од 2008 година со истуркани 82,4 км.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски