Најмалку 31 жртва од студ во Индија, тројца загинати во поплави во Шри Ланка

Од:

Најмалку 31 лице загина во студениот бран што ја зафати северната индиска сојузна држава Утар Прадеш, јави ДПА, повикувајќи се на локалните медиуми.

Минималните температури во регионот се движат меѓу 2,5 и 3,5 степени Целзиусови, а невремето е проследено и со студена магла. Сите училишта во Утар Прадеш се затворени до 28 декември.

Според метеоролозите температурите во дел од Северна и Централна Индија ќе останат ниски во следните три дена.

Студените бранови редовно земаат десетици жртви во Индија, бидејќи голем број луѓе во земјата живеат на отворено, немаат соодветна облека и не ги загревата домовите.

Најмалку три лица загинаа во поплави и лизгање на земјиште, предизвикани од поројните дождови во цела Шри Ланка, соопштија локалните власти. Поплавите, што траат веќе три дена, оштетија над 1.900 домови, а над 60.000 лица се евакуирани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати