Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по повод венчавката на синот на еден од неговите најблиски сработници Мустаф Кефелија, рече дека е предавсто да се контролира раѓањето и дека со контрацепција би можело да уништи цела една генерација луѓе, пренесуваат турските медиуми.
-Едно или две деца, тоа не е доволно. Доколку сакаме да го зајакнеме својот народ, потребно ни е младо и динамично население. Тоа ни треба за да ја доведеме Турција до нивото на модерните цивилизации – изјави тој пред штотуку венчаниот пар.
Според него едно дете е синоним на осаменост, две на ривалство, три на рамнотежа додека четири на обилност.
Инаку Ердоган кој што е татко на четири деца, две девојчиња и две момчиња и до сега изнесуваше свои предлози за ограничување на правото на абортус и средствата за контрацепција.
Е. Г.