Студентски пленум: Во петок, сите на протест! Помасовно, побунтовно и покреативно!

Од:

Студенти, професори, средношколци, родители и останати поддржувачи на Студентскиот пленум! Борбата продолжува во петок, најави Студентски пленум.

Нов протест е закажан за петок. Еве што напишаа на нивната ФБ страница:

Изгледа дека она што владата го подразбира под „јавна расправа“ е (консензуален) разговор на министрите и премиерот пред камери. покрај сите “јавни дебати”, свесно прекршување на законите, како и целосното игнорирање на Студентскиот Пленум како и на самите универзитети, ние не се откажуваме!

Драги граѓани, студенти, професори, родители, средношколци, професори и пензионери да не дозволиме овој монолог на владата да продолжи! Студенти, да си го освоиме образованието назад!

Ова е моментот кога треба да искажеме револт не само поради лошите реформи, туку и затоа што сопствената држава без срам не игнорира, дрско ни се потсмева, невешто не заокружува.

Затоа во петок, сите на протест! Помасовно, побунтовно и покреативно, затоа што сите заедно сме посилни!

Локација на протестот ќе биде објавена во наредните 24 часа!

Би можело да ве интересира

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on