Индија парализирана поради ниски температури и магла, од студ загинаа седум лица

Од:

Наглиот пад на температурата и густата магла предизвикаа транспортен хаос изутринава во главниот град на Индија, а најмалку седум лица починаа како последица на студот, пренесува ТАСС.

Меѓународниот и меѓуградскиот транспорт во пракса е речиси целосно парализиран, откажани на неопределено време се околу 40 авионски летови и над 60 возови. Според податоците на метеоролошката служба густата магла е формирана поради наглиот пад на температурите до минус 4,2 степени Целзиусови.

Денешниот ден е најстудениот во Њу Делхи во изминатите пет години.

Лошото време е причина за смртта на најмалку седум лица во Индија, тројца возрасни починаа од задушување со јаглерод моноксид во обид да се затоплат во стариот дел на Њу Делхи, додека четири лица загинаа од премрзнување во градот Биджнор во соседната сојузна држава Утар Прадеш.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати