ВИДЕО: Тајната на божикниот хит

Од:

Бавното темпо и меланхоличната мелодија на една од најомилените божикни песни „Бел Божик“ од американскиот композитор на популарната музика Ирвинг Берлин, е во спротивност  со музичките карактеристики на другите весели божикни песни, а за тоа постои и причина, пишува новинарот Џоди Росен во неговата статија „White Christmas: The Story of an American Song“.

Малку е познато дека елегичнoста на популарната песна која доживеа голем број обработки е одраз на личната трагедија на Берлин. На Божик 1928 година го изгубил синот, само три недели по неговото раѓање, а Росен претпоставува дека песната е компонирана девет години подоцна, на Божик 1937 година кога првпат бил одвоен од семејството заради снимање на филмот „Alexanders’s Ragtime Band“.

„White Christmas“ првпат ја изведе Бинг Кросби во филмот „Holiday Inn“ во 1942 година.

– Песната евоцира спомени, убави, но и болни, рече една од ќерките на Берлин, Линда Емет.

„Белиот Божик“ стана класика меѓу американските божикни песни, а бидејќи била напишана на шлагерски начин многу брзо ја преземаа голем број џез музичари и во своите обработки ја снимиле за плоча.

Берлин, чие  вистинското име е Израел Исидор Беилин, имал само основно знаење за читање на нотите, а со помош на голем број помошници и соработници успеал да напише повеќе од три илјади песни. Почина во 1989 година во Њујорк, во 101. година од животот.

Би можело да ве интересира

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он

Мицкоски во Божиќната честитка: Раѓањето на синот Божји ја симболизира надежта за подобро утре

А1он

Ковачевски со честитка за Божиќ: Раѓањето Христово е симбол за нов почеток, за нови можности што носат добро за сите!

А1он

Православните христијани го слават Христовото раѓање

А1он

(ВИДЕО) Зечевиќ за Божиќ: Симболот на раѓањето нова надеж, нека биде поттик за добри дела и нова можност за сегашните и идните генерации

Предраг Петровиќ