Именуван времен премиер на Хаити

Од:

Министерката за здравство Флоренс Дупервал Гуилаум вчера е именувана за времен премиер на Хаити по минатонеделната оставката на Лоран Салвадор Ламот.

Хаити се наоѓа во политички ќор-сокак поради одложените парламентарни избори.

Дупервал Гуилаум ќе остане на функцијата најмногу 30 дена, согласно уставните ограничувања, пред претсецателот Мишел Мартели да предложи постојан кандидта за премиер, пренесува БТА.

Мартели требаше да свика избори во 2011 година на кои ќе бидат сменети повеќето сенатори и сите членови на Домот на пратениците. Сепак, неколку опозициски сенатори ги искористија парламентарните процедури, за да го попречат гласањето за изборите. Истовремено, тие организираа голем протес во главниот град со барање за оставка на претседателот.

Независна комисија, формирана за разгледување на кризата, препорача Ламот да поднесе оставка, што тој го направи по неколкудневни протести. Комисијата препорача и смена на составите на изборната комисија и ослободување на неколку лица, што опозицијата ги смета за политички затвореници.

На 12 јануари истекува мандатот на сегашниот Сенат и претседателот ќе може да потпише указ, со кој земјата добива право да спроведе избори во првата половина на годината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Најмалку 40 загинати во пожар кај Хаити поради вуду ритуал

Хаити се бори со банди, нема доволно полицајци, сменет е шефот на полицијата

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството