Кина е против сите форми на кибер напади и тероризам, изјави министерот за надворешни работи Ванг Ји.
– Пекинг ја потврди позицијата на Кина, нагласувајќи, дека Кина е против сите форми на кибер напади и кибер тероризам, се наведува во соопштението, објавено денеска на страницата на Министерството, пренесува БТА.
Ванг Ји тоа го изјавил вчера за време на разговор со американскиот државен секретар Џон Кери.
Разговорот меѓу двајцата бил околу нападот против „Сони пикчрс“, но Северна Кореја не била изречно спомената, иако Вашингтон веќе го обвини Пјонгјанг за инцидентот.