Паметниот часовник на „Епл“ наскоро влегува во производство

Од:

Паметниот часовник на „Епл“ на почетокот од следната година ќе влезе во производство, а во продажните салони ќе се најде во периодот април-мај. Сепак, според последните извештаи, паметниот часовник би можел и порано да пристигне.

Како што објави тајванскиот „Јунајтед дејли њуз“, проблемите кои постоеја и го одложија почетокот на производството сега се отстранети, па паметниот часовник би можел да се најде на производствената лента уште во јануари.

Според извори на порталот, од „Епл“, наводно, нарачале 24 милиони часовници од компанијата „Кванта“. Иако ова изгледа како голема бројка, сепак има смисла ако се земе предвид дека последните анализи покажуваат дека околу 10 отсто од корисниците на „ајфон“ сигурно се заинтересирани за купување на паметниот часовник.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска