Илјадници луѓе денеска протестираа во повеќе шпански градови против новиот закон со кој се одредени високи парични казни за прекршоците како што е палење на националното знаме и демонстрации пред Парламентот или стратешките објекти.
Парламентот го изгласа Законот за јавна безбедност минатата недела.
Опозициските партии и организациите за човекови права Законот за јавна безбедност го оценија како обид на конзервативната Влада да ги задуши протестите против начинот на кој власта се справува со финансиската криза.
Најголеми протести имаше во Барселона, во Билбао и во Мадрид. ротестни собири имаше и во Алмерија, во Гранада и во Валенсија.