Десетици луѓе, кои учествуваа во денешните демонстрации за заштита на секуларните принципи во турското образование, се уапсени во Анкара. Полицијата употреби водени топови и солзавец против демонстрантите.
Демонстрациите беа организирани од Синдикатот на учителите. Според информации на учесниците, уапсени се околу сто луѓе, меѓу кои и лидерот на синдикатот Егитим-Иш Вели Демир.
Мешањето на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во образовниот систем предизвика гнев кај опонентите на режимот, тврдејќи дека со тоа се нарушува секуларниот карактер на турското општество.
Турската Влада неодамна дозволи средношколките да можат да носат марами на учичиште.