Која Европа?

Од:

Италија се гуши со трошоците за политиката кон емигрантските води во Медитеранот, со цел да спасува животи, а потоа да им дозволи на спасените лица да си најдат иднина некаде во Европа. Но оваа политика повеќе не функционира.

Досега годинава повеќе од 130 илјади емиграни беа спасени од Медитеранот. Операцијата Маре нострум (Нашето море) која ја започна италијанската влада во октомври 2013, откако 600 бегалци од Сирија и Еритреја загинаа во два бродоломи во близината на италијанската обала, е создадена за да се пресретнуваат емигранстки бротчиња пред да западнат во неволји. Во неа е вклучен персонал, единици и летала од италијанската морнарица, војска, воздушните сили, карабињери, царина, крајбрежна стража и од полицијата. Благодарение на овие несекојдневни ангажмани, сите бротчиња со емигарнти кои се пресретанти во близината на либијскиот брег биле спасени, а нивните патници доведени во италијанските луки на Сицилија или на копно.

Бројот на емигранти драматично пораснал во последните неколку месеци, а 2014 беше рекордна година: 133,000-те пристигнувања до октомври далеку го надмина претходниот рекорд од 2011 година од 63,000 пристигнувања, кога револуциите во Тунис и војната во Либија натераа могумина да избегаат. Постојат многу причини за тоа: нестабилноста и војната во земјата од каде доаѓаат, како и влошената безбедносна ситуација во Либија, каде што скоро воопшто нема функционална влада – вистинската моќ е во рацете на милициите. Повеќето емигранти заминуваат од Либија, која уште еднаш стана главна точка на заминувања кон Европа. Тоа се воглавно баратели на азил од Сирија, Мали, северна Нигерија и од треја. Ова е радикално различно од минатото, га економскте емигранти се мешаа заедно барателите на азил. Промената е јасен знак дека рецесијата во Европа ја модифицира миграцијата: Европската Унија е далеку помалку привлечна за емигрантите кои можат да изберат и други алтернативни дестинации.

Во последниве неколку месеци, италијанската влада радикално ја смени својата политика кон менаџирањето со пристигнатите. Откако поранешниот премиер Сивио Берлускони и починатиот либиски водач Муамер Гадафи потпишаа договор за пријателство, партнерство и соработка на 30 август 2009, на италијанската морнарица и беше наредено да го врати секој брод со емигранти кој бил пресретнат во Медитеранот. Помеѓу 2009 и 2010. ова доведе скоро до нула пристигнувања. Морнарицата го сопрела секој брод и ги вратила сите патници до местото на тргнување, без да ги идентификува или да провери дали се потенцијални баратели на азил. Оваа политика била прекината за време на војната во Либија, кога Италија се приклучи кон коалицијата предводена од Нато против Гадафи, и беше осудена од Европскиот суд за човекови права во февруари 2012 година. Откако Гадафи беше сменет, италијанската влада се обидуваше да посигне договори со новите либиски владетели за да ги спречи сите оние кои сакаат да емигрираат. Ова не било лесно затоа што либиските владетели се покажале како неспособни да наметнат било каква реална моќ.

„Европа треба да ни помогне“

Трагедиите од октомври 2013, а посебно онаа од 3 октомври во близина на Лампедуза, беа прекретница – 366 тела биле пронајдени и донесени во хангар на малиот сицилијски остров, слика која ја објавја сите медиуми низ светот. Тогашниот премиер Енрико Лета одлучи унилатерално да започне операцијата Маре нострум „за да не се дозволи вакви трагедии повторно да се случат“.

Многу починувања беа избегнати, но тоа не го сопре бројот на жртвите: до јануари 2014, најмалку три илјади емигранти исчезнале во морето, велат проценките од УНХЦР. „Овие бројки би биле можеби уште повисоки ако не постоеше операцијата Маре нострум“, вели Луиџи Аматуна, градоначелник на пристанишниот град Поцало, каде често спасените емигранти се носат. „Не можеме самите да се справие со овие големи бројки на пристигнувања. Ни треба Европа за соработка и помош со средства и пари“.

Долж брегот на Сицилија во пристаништата каде вообичаено има повеќе туристи отколку од бегалци, локалните власти бараат помош од централната влада и од Брисел. „Сицилија не е само границата на Италија. Таа е и граница на Европската унија“, вели Енцо Бјанко, градоначелник на Катаиа и поранешен министер за внатрешни работи. „ЕУ мора да ни помогне со патроли и со процесирање на барателите на азил кои доаѓаат во Италија. Сите овие луѓе ја користат Италија како порта за влез во ЕУ. Тие не сакаат да останат тука. Тие сакаат да одат кон север“.

Операциите за спасување ја чинат Италија по девет милиони евра секој месец. Италија до сега го издржуваше овој финансиски товар скоро цела година, но постојано бара повеќе помош од ЕУ. Веќе долго време Брисел игра на добивање време без да одговори.

Италија не ги идентификува емигрантите и ги поттикнува да одат во други европски држави, со што ги крши европските регулативи. Според европскиот закон, на емигрантите кои доаѓаат во Италија треба да им се земат отпечатоци од прстите и ако се баратели на азил, се тераат таму да ги поднесуваат апликациите. Во Конвенцијата од Даблин е истакнато дека барателте на азил остануваат во првата европска држава во која ќе влезат, за да се сопрат да не лутаат наоколу. Овој систем им овозможува на северните европски држави да ги протеруваат емигрантите кон државите од јужните европски граници од каде тие првпат влегле во ЕУ. Но ови држави имаат многу слаб социјален систем за емигранти, кои завршуваат и спијат по улици, во сиромапни квартви или живеат во кампови во предградијата.

И така сите емигранти кои пристигнуваат на италијанските брегови се обидуваат да ја избегнат идентификацијата и да одат кон север. Италијанската влада која е затрупана со бројни пристигнувања и од потребата да им ги задоволи најосновните потреби, не е загрижена заради должината на процесот на идентификација. Затоа ги затвора очите: помеѓу 13-те илјади граѓани од Еритреја кои пристигнале во Италија помеѓу јануари и мај 2014, само 190 аплицирале за азил, што е помалку од два проценти. Имало 170 барања за азил од сиријци, а 6,620 пристигнати.

Тивок дипломатски ров

Европската комисија (ЕК) не е среќна од неуспехот на Италија да се придржува кон европските закони и ретко го спомнува тоа. ЕК ја фали Италија затоа што спасува животи, но изгледа дека не е подготвена да ја преземе операцијата Маре нострум и да ја трансформира во прекуграничен проект финансиран од европски фондови. ЕК ја предупреди Италија дека бара идентификација на емигрантите, но не се закани со санкции. Италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано рече дека без поголема подршка од ЕУ, тој може да им дозволи на барателите на азил да патуваат во другите делови од Европа (тој тоа веќе и го сторил).

Овој тивок дипломатски ров трае веќе со месеци, се додека Италија не го презема ротациското претседателствување со ЕУ на 1 јули 2014, кога погласно запраша за соработка со ЕУ во спасувањата, и стави до знаење дека е вољна да ја намали, па дури и прекине операцијата Маре нострум. Италија исто стана уште помалку агилна во исполнувањето на ЕУ регулативите, и во септемвнри започа да иднтификува и зима отпечатоци од прсти на мигрантите. Ккао директен одговоро на тоа, ЕУ го вклучи Фронтекс, граничната агенција со седиште во Варшава, во операците Тритон со патролирања за да се заштитат европската граница. Ова нема никаква врска со Маре нострум која е операција за претрага и спасување. Но му дава алиби на Алфано за да најави дека операцијата Маре нострум може да биде прекината до 1 ноември и заменета со Тритон.

Овој нов пресврт изгледа како враќање на старите идеи: користење на сите средства за да се спречат емигрантите и барателите на азил од доаѓање во Европа, да се направи емигрирањето тешко, ако не и невозможно, и евентуално да се криминализира. Откако Италија го презема претседателствувањето со ЕУ, ЕУ започна голема сеевропска операција од 13 до 26 октомври, против „нелегалните емигранти“: под Мос Мајорум („старата пракса“) националните полициски сили се обидуваат да идентификуваат и фатат што е можно повеќе нелегални емигранти и да ги депортираат назад дома. Името на операцијата наведува дека странците се туѓинци, и дека ЕУ треба самата да се брани од инвазија.

Пресвртот во политиката изгледа е резултат од обемниот европски договор помеѓу сите држави членки. Италија, која досега направи многу со започнувањето на Маре нострум, беше повикана да се придржува кон ова. Тивкиот ров помеѓу Рим и Брисел изгледа заврши. Додека Италија ги идентификува оние кои пристигнуваат на копно, и додека Фронтекс е вклучен во мали патролирачки операции, сите се среќни, освен барателите на азил чија стапка на починувања ќе порасне.

Нерационални реакции

Оваа промена на политиката не треба да изненадува, туку да отвора прашања: Зошто другите земји членки не се подготвени да го споделуваат товарот на примање емигранти? Зошто се толку кивни на Конвезнцијата од Даблин? Дали 133,000-те баратели на азил претставуваат закана за над 500-те милиони жители на континентот? „Проблемот со миграцијата“ зоврива ирационални реакции, поврзани со страв од инвазија. Кога илјада Тунижани пристигнаа во Лампедуза во 2011, италијанската влада им додели шестмесечена дозвола за престој, што им овозможи да патуваат во рамките на ЕУ. Потоа Франција одлучи еднострано да го суспендира Шенгенскиот договор и постави полициски контроли на граничниот премин Вентимиља за да ги спречи емигрантите да влзеат во земјата; 15,000 Европјани успеаја да го замрзнат, иако привремено, договорот за слободна циркулација која е еден од камен темелниците на Европската историја.

Сите овие стравови испливуваат по секое последно проширување на унијата. Помеѓу 2004 и 2007, се приклучија 12 нови земји членки – меѓу кои и осум поранешни комунистички држави. Многи држави се резервирани во врска со овој брз процес на приклучување, а многу политички сили играат на стравот од масивна миграција; во 2005 на кампањата за референдум во Франција за Европскиот устав доминираше „полскиот водоводџија“, кој ќе ја украде работата на неговите многу поскапи фгранцуски колеги. Тој никогаш не пристигна во Франција, а ниту пак многу други очекувани граѓани од источноевропските држави. Кога Романија и Бугарија се приклучија на ЕУ на 1 јануари 2007, нивните граѓани беа предмет на ограничувања: во девет држави – меѓу кои Франција, Британија и во Белгија – тие мораа да аплицираат за дозвола за работа. Кога ова беше укинато на 1 јануари 2014, немаше наплив од пристигнувања.

Пролонгираниот процес за приклучувањето на Турција датира уште од 1963 година. Турција поднесе барање да стане членка во 1987. Тогашната унија, која имаше 12 членки, денес има 28, но Турција сеуште чека. Се тврди дека Турција географски не и припаѓа на Еврпопската област, но всушност има многу луѓе во ЕУ кои не сакаат 75 милиони муслимани да станат европски граѓани.

Како Европа се дефинира самата себеси? Дали е христијанско единство? Кој е европскиот идентитет и дали тој воопшто постои? Европските граѓани се гледаат себеси како италијанци, шпанци, французи и германци, или бритонци, повеќе отколку европејци. Овие граѓани ја гледаат ЕУ како група од бирократи кои наметнуваат планови за штедење од Брисел, како вештачки труп составен од луѓе кои споделуваат вредности и сторија. Затоа што европскиот идентитет е слаб и погрешно дефиниран, не може да биде инклузивен; секоја доблест се закана како што е случајот со Турција, а исто можеби и со медитеранските мигранти. Им помагавме затоа што „не можеме да ги оставиме луѓето на море да умрат“, рече италијанскиот премиер Матео Ренци. Но тоа се воглавно млади, понекогаш брилијантни луѓе кои се посветени да пронајдат подобар живот. Зошто да не ги гледаме како можност да и помгнат на Европа да ги прошири своите перспективи?

Ле монд дипломатик – Париз

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ