ДОМ: Неприфатливо отфрлањето на кривичната пријава против „Југохром“

Од:

ДОМ искажува крајно незадоволство од решението на Јавното обвинителство во Тетово, со кое ја отфрла кривичната пријава против Југохром од Јегуновце, поднесена од ДОМ на 30 јули, рече денеска на прес-онференција пртпаролот на ДОМ Тони Ристов.

Кривичната пријава ДОМ поднесе за кривичните дела „Загадување на животната средина и природата“ и „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“.

– Неприфатливо е отфрлањето на кривичната пријава на ДОМ, зашто таа се однесува на непочитувањето на Законот за животна средина од стана на Југохром, со кој сите големи загадувачи требаше да направат еколошко прилагодување до 1 април 2014. За жал Југохром беше еден од двата загадувача кои продолжија да го загадува воздухот со несмалено темпо, необрнувајќи внимание на поплаките и укажувањата од јавноста, наведе Ристов.

Решението на обвинителството, посочи, покажува непрепознавање или замижување пред кривичните дела кои ги има сторено Југохром, а кои имаат директно влијание врз животот и здравјето на луѓето и се главни причинители за менувањето на квалитетот на воздухот, водата и почвата во овој регион.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски