Американката Хелен Марсо која работи како менаџерка на контролата за квалитет на кафе во еден ланец тврди дека нема проблеми од неверојатната количина од црниот напиток, која што секојдневно ја конзумира.
Нејзината работа се сведува на тестирање на секоја нова пратка на зрна кафе, така што таа пие и по 100 филџани дневно.
-Многу работи може да влијаат на вкусот на кафето. Од начинот на кој се чува и складира што може да ја поремети влажноста и киселоста, па се до начинот на кој се подготвува. Моја задача е да бидам сигурна дека кафето кое што го нудиме на нашите потрошувачи е беспрекорно – раскажува Хелен.
Таа доста често патува во потрага по најквалитетно кафе, па многу често пие и по стотина филџани на ден. -Имам впечаток дека кафето има позитивно влијание врз моето здравје. А го пијам на повеќе начини, топло, ладно, со додаток на млеко, шеќер, чоколадо, едноставно уживам – тврди таа.
Е. Г.