Пародијата за Ким последица на културна ароганција

Од:

Кинеските државни медиуми упатија остра критика до американската пародија за Северна Кореја, нарекувајќи ја последица на „бесчувствителна културна ароганција“ и нагласувајќи оти е погрешно тоа што американските филмски работници му се потсмеваат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Порака од Кина пристигува во моментот кога САД ја предупреудваат Северна Кореја дека може да се соочи со последици поради хакерскиот напад, за кој ја обвинуваат врз студиото „Сони пикчрс“ поради филмот „Интервју’, кој го разлути Пјонгјанг.

Американскиот филм „Интервју“ е комедија за заговорот на ЦИА да изврши атентат врз севернокорејскиот лидер.

– „Интервју“ со кој се исмева лидерот на непријателот на САД не претставува нешто со што Холивуд и американското општество би можеле да се гордеат, пишува кинескиот весник „Глобал тајмс“.

– Американците секогаш веруваат дека можат да ги напаѓаат лидерите на други држави бидејќи се слободни да ги критикуваат и исмеваат сопствените државни лидери, додада весникот.

ФБИ вчера ја обвини Северна Кореја дека стои зад хакерскиот напад врз „Сони пикчрс“, кој според САД е закана за филмот.

„Сони пикчрс“ се откажа од емитувањето на филмот во светло на заканите на анонимни хакери, за кои се верува дека се поврзани со Северна Кореја, кои потсетија на терористичките напади врз САД од 11 септември 2001 година, во заканите упатени до кината, во кои требаше да се прикажува филмот.

Северна Кореја демантира дека е одговорна за нападот.

Во меѓувреме директорот на „Сони пикчрс“ Мајкл Линтон изјави дека холивудското студио не направило грешка со повлекувањето на филмот.

Тој за Си-Ен-Ен ова го изјави како одговоро на изјавата на претседателот Барак Обама дека студиото згрешило што ја откажало премиерата на „Интервју“.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања