Турција: Задржани четворица од 12 уапсени приврзаници на проповедникот Ѓулен

Од:

Судот во Истанбул денеска нареди да бидат задржани во притвор четворица од 12 осомничени, уапсени на 14 декември во полициска акција против движењето на проповедникот Фетулах Ѓулен, соопшти турскиот весник „Хуриет дејли њуз“.

Четворицата, што ќе останат во притвор, се генералниот директор на телевизија Саманолу Хидает Караџа, поранешниот началник на одделот за борба против тероризмот на истанбулската полиција и поранешен началник на полицијата во Хакари Туфан Ергдер, поранешниот началник на одделот за јавен ред на истанбулската полиција Ертан Ерчк, како и полицискиот началник Мустафа Калчарслан.

Осум осомничени, меѓу кои главниот уредник на весникот „Заман“ Екрем Думан, се ослободени. Судот, сепак изрекол забрана за патување на Думан.

Хидает Караџа е уапсен по обвинение за создавање терористичка организација, додека останатите тројца Ергдер, Ерчк и Калчарслан се обвинети за членувбање во организација.

Турската полиција на 14 декември преземаа акции за апсење на следбеници на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, кој од 1999 година живее во САД. При извршување на операциите во 13 градови низ Турција се уапсени 27 лица, меѓу кои новинари, извршен директор, продуценти и полицајци блиски од Ѓулен.

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган ги обвини приврзаниците на движењето на проповедникот Ѓулен за создавање на паралелна структура во државата со користење на влијанието во полицијата и судскиот систем.

ЕУ и организациите за заштита на човековите права минатата недела остро ја критикуваа Турција поради операцијата. Како одговор на критиките, претседателот Ердоган ја повика ЕУ да не се меша во внатрешните работи на Турција.

Турското правосудство денеска издаде наредба за апсење на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој од 1999 година живее во САД, и е противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, соопшти турската државна телевизија ТРТ.

Ѓулен (73) е обвинет дека раководел со терористичка организација.

Влијателниот исламски проповедник, кој е поранешен близок сојузник на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), исто така, е обвинет и за организирање на заговор за соборување на власта.

Според аналитичарите издаденото барање за апсење е симболична мерка, бидејќи САД претходно изречно го одбија барањето да го предадат Ѓулен на турските власти.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ