Дизни се извинува на родителите бидејќи песната Let it go ја слушнале милион пати

Од:

Иако многу родители во светот беа воодушевени од дизниевиот анимиран филм Фрозен, кој кај нас се преведува како Снежно кралство, спласна ентузијазмот околу убавата приказна во која девојката Ана ја спасува својата сестра Елса, чии студени волшебни моќи кралството го претвориле во вечен снег и мраз.

Причината за тоа сигурно е фактот дека саундтракот на филмот Фрозен е еден од најмногу слушаните музички дела во годината, а водечката песна Let it go на ЈуТјуб е прегледана над 383 милиони пати.

Свесна дека родителите често биле „тероризирани“ од страна на своите деца и присилени да ја слушаат таа песна, режисерката на филмот на Дизни Џенифер Ли им се извинува на родителите, бидејќи толку многу ги „залудела“ децата, пишува весникот Индепендент.

Потврда на успешноста на тој анимиран цртан филм е и фактот дека токму Елса е најпопуларното име за девојче во 2014 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ