Куба го прослави ослободувањето на тројцата Кубанци кои беа затворени во САД,за шпионска активност.Во Хавана,тие беа примени од претседателот Раул Кастро,додека на улиците на кубанскиот главен град се одржаа манифестации во чест на нивното враќање на Куба.
Тројцата ослободени,се дел од кубанската „шпионска петорка„ уапсени во 2001 година, во Флорида,а потоа и осудени на високи затворски казни.
Петмината Кубанци беа обвинети за шпионирање,откако беше откриени дека влегле во САД за да го надгледуваат и да го шпионираат однесувањето и дејствувањето на кубанските бегалци и иселеници во Флорида.Според обвинението,тие ја следеле комуникација на бегалците со нивните роднини и пријатели кои останале на Куба,а посебно ја надгледувале политичката активност на Американците од кубанско потекло,за да се откријат врските на кубанските дисиденти со надворешниот свет.
Кубанските власти одбиваа да прифатат дека петмината се занимавале со шпионажа,па покренаа силна антиамериканска кампања во Куба и по светот,прикажувајќи ги петмината како „жртви на американскиот империјализам„.
Нивните фотографии со години беа истакнувани во Хавана и во другите делови од островот,а фотографии од овие луѓе се наоѓаа и по хотелите и туристичките центри за странски туристи,онака како што во оваа земја тоа се прави со кубанските херои од подалечното и поблиското минато.
Тројцата Кубанци од оваа петчлена група,беа ослободени за еден американски шпион,за кој се вели дека бил Кубанец и веќе се наоѓа во САД,но чиј идентитет нема да биде откриен „уште долго време“.
За овој шпион се вели дека бил пуштен од затвор со групата од педесетина кубански дисиденти кои беа ослободени како дел од кубанско-американската спогодба за обнова на дипломатските врски, што пред два дена ја објавија,во исто време,претседателите Раул Кастро во Хавана и Барак Обама во Вашингтон.
Целиот процес за обнова нормализација на односите меѓу двете соседни земји,за кој Куба и САД тајно преговарале во Ватикан и делумно во Канада,околу 1,5 година,беше откриен со решението на властите во Хавана да се пушти од затвор Американецот Ален Грос.во 2009 година,Кубанците го обвинија и го осудија за „шпионажа„ за да може да се „пазарат„ со САД околу уапсените петмина Кубанци.Грос (65),сепак,беше ослободен врз „хуманитарна основа„ откако по поминати пет години во кубански затвор,неговото здравје беше сериозно нарушено.