ЕУ бара влијание на Балканот

Од:

Во изминатите 18 месеци, Брисел беше зафатен со борбата со Русија во врска со напорите на Европската унија да ги продлабочи своите економски и политички врски со Украина и со други поранешни советски републики – преку својот таканаречен проект Источно партнерство. Исходот од тој обид останува нејасен – не само во Украина, туку и во државите како Грузија и Молдавија, каде рускиот притисок и влијание остануваат значителни.

Додека извлекува поуки од таа криза, ЕУ ги предефинираше своите цели. Новиот тим на Европската комисија се обидува да наметне влијание во реони каде таа има реално влијание, а главен од тие региони е Балканот.

Раководителката на европската дипломатија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за преговорите за проширување, Австриецот Јоханес Хан, ветија дека регионот ќе стане приоритетен. И двајцата ја посетија Босна минатиот петок за да најдат решение од политичкиот застој кој го блокира европскиот пат на земјата веќе години наназад,

Предизвиците пред кои ЕУ е исправена во регионот се големи – економската стагнација, закоравената корупција и руската способност да го усложнува европскиот пат на регионот – сите тие претставуваат закани.

Во меѓувреме, многу од членките на ЕУ се скептични во однос на идното проширување на блокот, нешто кое според Брисел нема да се случи во следните пет години.

Но мнозина всушност веруваат дека ЕУ има влијание да го предизвика тој вид на промена на Балканот, кое не може да го направи во Украина. Способноста на Могерини и Хан да го впрегнат тоа влијание ќе создаде наследство кое ти ќе го остават во текот на 2019 година.

По една година, во која целото внимание беше украдено од Украина, Источното партнерство и од Грузија, фокусот се промени, изјави еден високо позициониран европски дипломат. Тоа е реон со наследство во кој има процес и во кој има јасна перспектива за промена, рече тој.

Ситуацијата во регинот варира во одделни држави. Хрватска и Словенија се во ЕУ, Србија и Црна Гора започнаа преговори за приклучување, а Албанија и Македонија се во претпреговори за кандидатски статус, во кој тие се подготвуваат за преговори за присоедниување. Босна е во слепа уличка, а Косово допрва ќе ги прави првите чекори кон ЕУ.

Сите држави во регионот имаат некаква перспектива за членство во ЕУ, нешто кое никогаш не било реалност за Украина или Грзија, и продолжува да има силна поткрепа во тие држави за продолжувањето кон таа цел. На некој начин вишокот проблеми пред кој е исправен регионот – високата невработеност, слаби судски системи и корпупцијата, ја прави ЕУ уште попривлечен фактор.

ЕУ е исто така првиот по значење трговски и инвестициски партнер на регионот, и се судрува со многу помала конкуренција од Русија.

Не радува тоа што тука има силна јавна поддршка за перспективата за членство во ЕУ, изјави европски дипломат во регионот. Политичарите тука многу добро знаат дека нема друга реална опција. Проектите на ЕУ и помошта можат да доведат до видливи промени кај малите балкански држави на начин на кој милијардите евра, кои ЕУ ги фрла во бездната на обезпарената влада во Киев, можеби нема да го сторат тоа. Европската комисија предвидела уште четири милијарди евра за редовни програми, заеми и грантови за Албанија, Босна, Косово, Македонија и Србија до 2020 година.

Какви и да се тревогите од проширувањето на ЕУ, во самата Европа постои широк консензус дека е време Балканот да има иднина во блокот. Откако се изостри конфликтот помеѓу Европа и Русија околу Украина, Берлин игра се поважна улога во застапувањето на интегрирањето на регионот, велат дипломати. Големата средба на високо ниво во Германија во текот на август, исцрта редица идеи за инвестици и реформи,.

Но има и затегнатости кои ЕУ треба да ги разреши, ако сака да успее. Најголемиот проблем е како да се балансира со убедливоста која е неопходна за да бидат убедени тие држави да одат кон ЕУ, со рамноправно поставување кон државите и јасно демонстрирање пред локалната јавност дека се спроведуваат тврди реформи.

Најновата иницијатива на ЕУ за Босна е доказ за тоа. Англиско-германската иницијатива, поткрепена од г-ѓа Федерика Могерини Босна да биде придвижена по пат кон членство без пред тоа да биде сменет уставниот член кој го дели претседателството на Босна и Херцеговина меѓу трите основи етнички групи, може да функцуонира. Всушност, дипломати од ЕУ посочуваат дека политичарите на други места во регионот се прашуваат зашто на нив не им била претставено такво олеснување по основните барања за приклучување. Во меѓувреме, иницијативата може да пропадне како што често се случуваше во минатото, ако босанските лидери се одметнат од своите ветувања, откако ќе соберат доволно пари кои можат да ги добијат додека се придвижуваат кон преговори за членство. Руското прашање исто добива застрашувачки размери. Некои ја откриваат заканата дека културните и политичките врски на Москва на Балканот и нејзините енергетски и финансиски интереси во регионот значат дека во овие тешки времиња Русија може да се обиде да ги отргне државите од нивниот европски пат. Тоа е опасност која германскиот канцелар Ангела Меркел ја истакна минатата недела и е нешто кое изгледаше можно кога рускиот претседател Владимир Путин ја направи долго очекуваната посета на Белград во октомври. Други велат дека во походот на Москва повеќе гледаат фактор на здодевност, отколку агресивна стратегија кон Балканот.

Многумина кои бараа знаци на промена сега велат дека Русија е повеќе случајна отколку многу влијателна пречка. Тие посочуваат на јавното откажување на инспирираниот од Русија проект за гасоводот Јужен тек низ регионот, како пример за нејзино ограничено влијание. Путин минатата недела изјави дека проектот е мртов.

Балканот е место каде Европската Унија има потенцијал да постигне нешта и никој друг не може да ја преземе таа ролја, рече еден висок претставник од ЕУ.

Најголем предизвик, изјави Слободан Соја, поранешен босански претставник во Франција, може на крајот да биде преодот кон вистинско регионално обединување, и тоа кое Хан го нарекува европски вредности.

Балканот и Босна сакаат да живеат во мир, тоа е сигурно, изјави Соја. Почит кон другите само на зборови, да. Но искрено и реално тоа не е толку изразено. Што се однесува до почитувањето на европските принципи – е тоа е натешкото нешто, изјави Соја.

Волстрит џурнал – Вашингтон

 

Би можело да ве интересира

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

A1on