Во последните неколку години дебелината во Америка е деликатна тема, посебно кај малите деца.
Првата дама Мишел Обама водеше кампања за подигање на здрава генерација. Нејзиниот сопруг, претседателот на Америја, Барак Обама потпиша акт, на 13. декември 2010 година, за активно вклучување на владата во контролирањето на исхраната во училиштата со цел да се контролира што јадат учениците и студентите.
Според ова, на децата им следува: 650 калории во основно училиште, 700 калории во средно училиште и 850 калории за студенти.
Ова беше прво поголемо менување на училишните оброци во последниве 15 години.
Некои од учениците, особено оние кои учествуваат во спортските активности, велат дека според новите правила не се обезбедува доволно храна за поакативните деца да имаат доволно енергија.
Линда О’Конор, професотка во средно ушилишете во Канзас, заедно со директорката на своето училиште Бренда Киркхам, ја напишале песната „Ние сме гладни“, пародија на песната „We Are Young“.
Со оваа песна и специјано направено видео, младите го искажуваат својот револт против кампањата на владата во САД и нивните „препораки“ што тоа треба да се јаде.
Во рок од една недела видеото има преку 250.000 посети на „јутјуб“.