Американскиот генерал-полковник Џејмс Тери, кој управува со воените сили на САД во борба против милитантите на ИСИС во Ирак и Сирија, оцени дека војната со исламистите ќе трае најмалку три години.
Тери потсети дека првите американски воздушни напади се случија пред четири месеци и повика на трпение, бидејќи според неговите зборови, борбата со исламистите ќе трае повеќе време.
Инаку припадниците на Исламска држава последниве месеци зазедоа големи делови од Ирак и Сирија.
Е. Г.