Конкурс за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

Од:

Здружението за литература, култура и наука „Бран“ од Струга и ревијата за книжевност „Бранувања“ го распишаа петтиот конкурс за наградите „Крсте Чачански“ – за необјавена збирка кратки раскази и „Јован Котески“ – за необјавена поетска збирка.

Пропозициите на конкурсот се расказите односно песните да не се објавувани, секој расказ да не биде подолг од 100 реда (три страници новинарски проред) и да има наративна форма, поетската збирка треба да содржи најмногу 50 песни, а секоја песна да не биде подолга од 30 стихови.

Ракописите во четири примероци (напишани на Times New Roman или Arial со македонска поддршка)  или снимени на ЦД треба да се пратат најдоцна до 20 април 2015 година, на адреса: „Бранувања“, ул. „Нико Нестор“ 22, 9300 Струга, со назнака: конкурс за наградата „Крсте Чачански“ односно „Јован Котески“ или на електронските адреси: [email protected] и[email protected].

– Две тричлени жирија, составени од компетентни македонски писатели, ќе го извршат изборот на наградените книги, кои ќе бидат објавени и промовирани на денот на доделувањето на наградите, на 3 јули 2015 година во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Редакцијата го задржува правото да публикува од наградените и пристигнатите трудови во ревијата „Бранувања“, соопштија организаторите на конкурсот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска