Шенол Казанџи нов директор на турската новинска агенција Анадолија

Од:

Шенол Казанџи е именуван за генерален директор на турската национална новинска агенција Анадолија и за претседател на бордот на директори на агенцијата.

Како што соопшти бордот на директори на Анадолија, 39- годишниот Казанџи доаѓа на местото на Кемал Озтурк, кој поднесе оставка на позицијата на 1-ви овој месец.

Казанџи претходно работел како раководител на одделот за корпоративни комуникации на претседателот на Турција. Бил советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а работел како негов главен консултант и додека Ердоган беше премиер.

Шенол Казанџи е роден во Истанбул 1975 година. Завршил правни студии на Истанбулскиот универзитет, а образованието потоа го продолжил во САД. Во 2007 година бил назначен за главен уредник на турскиот ТВ канал ТВ Нет. Објавувал колумни во дневниот весник „Јени Сафак“ се до 2011 година кога е назначен за главен советник на Ердоган како премиер.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ