Индија денеска успешно лансираше досега најголема ракета, што може да служи за испраќање астронаути во вселената.
Ракетата е лансирана од Срихарикот, во југоисточниот дел на индонезиската држава Андра Прадеш, а целиот проект чини речиси 25 милиони долари.
– Ова е многу значаен ден во историјата на индиската вселенска програма, изјави претседателот на Индиската организација за истражување на вселената К.С. Радакришнан.
Ракетата е тешка 630 тони и може да носи товар од четири тони. Дваесетина минути по лансирањето празна капсула се одвои од ракетата и падна во Бенгалскиот залив. Таквата капсула може да пренесе до тројца астронаути.
Премиерот на Индија Нрендра Моди го поздрави лансирањето на ракетата, нарекувајќи го уште еден триумф на индиските научници.