Промовирана Mонографијата „70 години Македонска филхармонија“

Од:

Mонографијата „70 години Македонска филхармонија“ од музиколозите Тина Иванова и Роза Нолчева-Ангеловска е промовирна денеска во Скопје.

Монографијата „70 години Македонска филхармонија“, на околу 250 страници ги носи највозбудливите, најзначајните мигови на единствениот претставник на симфониското музицирање во Македонија. Напишана во еден есеистичко-публицистички манир, во неа се поместени голем број изјави од важните чинители на оваа институција, од оние кои ја основале, до оние кои силно придонеле во нејзиниот растеж – нејзините раководители, диригентите, солистите, композиторите, музичките критичари, нејзината верна публика, дел од нив најдени во архивите, претежно на дневните печатени медиуми, кои практично ја следеле Македонската филхармонија од самите нејзини почетоци.

Монографијата е збогатена и со голем број фотографии кои ја пренесуваат концертната атмосфера на Македонската филхармонија во изминатите седум децении, како и голем број критики кои ја комплетираат приказната наречена 70 години Македонска филхармонија.

Издавач на монографијата е Националната установа Македонска филхармонија, а финансиски е поддржана од Министерството за култура на Македонија.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска