Доделување на наградите за најдобрите трговски објекти

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска им додели признание во форма на плакета на најдобрите трговски објекти во 7 категории, избрани на манифестација „Месец на трговијата“, проект што Градот во соработка со Агенцијата SWAT Research го реализира во периодот на месец ноември 2014 година.

Во рамки на проектот се спроведуваат вкупно 1.000 посети на тајните купувачи и тоа по три посети на еден објект, во сите седум категории трговски објекти, а годинешни добитници по категории се: За супермаркети – „Тинекс“, „Нова Маркет“ и „Рамстор„, во категоријата Салони за мебел и канцелариска опрема наградени се „Шипад мебел“, „Лектус груп“ и „Ников мебел“, а од парфимерии и козметика, наградите ги добија „Бјути поинт“, „Елисир ексклузив“ и „Локатин“.

Најдобри бутици, според тајните купувачи, се „Спринфилд“, „Венис“ и „Атила“, а од продавниците за домаќинство, бела техника и се за дома, наградени се „Нептун“, „Агротехна“ и „Елиспо“.

Во делот на комјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема, наградите им се врачени на „Сони галерија“, „Нико компјутери и на „Анхоч пи си маркет“, а во сферата на модни додатоци и накит, првите места им припаднаа на „Сигма“, „Оксет“ и на „Божиновски“.

Од Град Скопје соопштија дека годинава најдобри резултати постигнале парфимериите и продавниците за козметички производи, па веднаш по нив објектите за продажба на мебел, а на последно место според сумирањето на резултатите се наоѓаат супермаркетите.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух