Обама телефонски разговарал со Кастро за односите меѓу САД и Куба

Од:

Американскиот претседател Барак Обама телефонски разговарал со кубанскиот претседател Раул Кастро за евентуалното обновување на билатералните дипломатски односи и подоцна денеска ќе го соопшти планот за драматичниот пресврт во политиката на Вашингтон кон Хавана, пренесоа светските агенции.

Во исто време претстои и идентичната изјава на Раул Кастро од Хавана.

Високо позиционирани извори од Белата куќа соопштија дека Обама и
Кастро вчера разговарале цели 45 минути.

-Тоа е првиот разговор на претседателско ниво со Куба по револуцијата од 1961 година, изјави американски претставник, цитиран од ДПА.

Телефонскиот разговор е финалето на тајните преговори меѓу претставниицте на САД и Куба, кои почнале пред една година во Канада и Ватикан, под директно и активно учество на папата Франциско.

Се претпоставува дека Обама ќе ги објави мерките за постепено кревање на трговското ембарго врз Куба, наметнато пред повеќе од 50 години.

Во меѓувреме, републиканскиот сенатор од Флорида, Марко Рубио, кој има кубанско потекло, изјави дека „ќе ги вложи сите напори“ за да ја спречи намерата на администрацијата, пренесоа американските медиуми.

Промената во билатералните односи предвидува отворање на патот за извоз на телекомуникации и интернет услуги за Куба, но недирната ќе остане забраната за американски туризам на Куба, забележа ДПА.

Само Конгресот може да го крене повеќедецениското генерално трговско ембарго, кое го вклучува туризмот, но претседателот Обама ќе им дозволи на американските финансиски институции да отворат сметки во кубанските банки и да им дозволат на посетителите од САД на островот да ги користат кредитните и дебитни картички.

Претходно денеска беше соопштено дека Куба и САД си размениле
неколку затвореници, осудени за шпионажа.

На крајот од Хавана стигна и информацијата дека на слобода се пуштени 53 лица, кои Вашингтон ги смета за политички затвореници.

Американскиот државен секратар Џон Кери во текот на летото дури четири пати му се јавил на кубанскиот министер за надворешни работи, а разговорите биле целосно посветени на затворениот Американец Алан Грос, соопшти денеска високо позициониран службеник на администрацијата на претседателот Обама.

Тој додаде дека клучна улога за организирање на разговорите, посветени на Грос, одиграл Ватикан.

-Тоа беше темата и на неодамнешните разговори на Кери во Рим, рече изворот, цитиран од британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија