Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека исламот е дел од Германија и апелира граѓаните да покажат толеранција кон муслиманите.
Според неа, поголемиот дел од муслиманите во Германија се дистанцирале од насилието на протестите против анти-исламскиот филм во кој е исмеан пророкот Мухамед.
„Да тоа е дел од нас“, рече Меркел и додаде дека христијаните можеби би требало повеќе да размислуваат и говорат за својата религија наместо да се плашат од исламот, пренесува АП.
Инаку, во Германија живеат околу четири милиони муслимани.