Авион на компанијата „Американ ерлајнс“ кој полетал од Сеул, принудно слетал на аеродром во Токио, поради силни турбуленции во кои се повредени 14 лица. Американската авио компанија со седиште во Тексас наведе дека четири патници и еден член на екипажот се хоспитализирани, но дека никој од нив не е животно загрозен.
Во „Боингот 777-200“ кој вчера принудно слетал на меѓународниот аеродром Нарита имало 240 патници и 15 челнови на екипажот. По слетување во Токио сите патници и челнови на посадата се евакуирани.
Како што се пренесува тие се префрлени во хотел. „Ројтерс“ пренесе дека турбуленцијата ја предизвикала снежна бура, додавајќи дека авионот одеднаш пропаднал и се тресел помеѓу 30 и 40 секунди.
Е. Г.