Поради интензивните врнежи од снег во Јапонија животот го загубија две лица. Најтешка е состојбата на северниот остров Хокаидо.
Откажани се повеќе од 300 авионски летови, запрено е движењето на речиси 300 возови, а локалните власти затворија над илјада училишта.
Интензивните врнежи од снег и силниот ветар кој на места е околу 40 м/сек. оставија без струја најмалку три илјади домаќинства. Снежната покривка на места е над 80 сантиметри, јавуваат јапонски медиуми.